Разговорите околу отворените историски прашања меѓу Софија и Скопје може да траат со децении, затоа работата на мешовитата историска комисија мора да биде надвор од политичките процеси, вели копретседателот на комисијата Драги Ѓорѓиев. Тој уверува дека нема политички притисок врз Комисијата, а секој обид за мешање во нејзината работа може само да го забави процесот на интеграција на земјава во евроинтеграцииите.
Тоа е историско билатерално недоразбирање и разговорите мораат да бидат надвор од политиката. Јас сметам дека на ова ќе се внимава во политичките преговор. Кога се зборува за интеграцијата на Македонија во ЕУ, тогаш минатото, може само повеќе да го забави овој процес. Затоа историските разговори треба да останат надвор од ова и да се водат како посебен процес, вели Ѓорѓиев.
Comments are closed for this post.