Поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев денеска во Кривичниот суд во Скопје говореше за настаните пред и по 27 април 2017 година. Како долгогодишен пратеник, оцени дека целата постапка ќе завршела за една недела ако се причекало да завршат сите пријавени дискутанти.
Тој ден, вели, имало многу пријавени за збор, но оти претседавачот Трајко Вељаноски неколкупати повикувал пратениците да се откажат од правото на збор.
27 април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгуби? ВМРО најмногу изгуби, а триесетина луѓе завршија на „Голи Оток“. Затоа велам дека 27 април не беше исклучок, туку еден голем план. Некој сакаше да се случат проблеми, објасни Ѓорчев
Comments are closed for this post.