Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев нагласува дека оваа власт стана гарнитура на скратени постапки која не ги слуша приговорите на Европската унија туку насила тера закони по скратена постапка и со злоупотреба на европското знаменце, се со цел да се покрие неспособноста на најлошата влада во историјата, а во меѓувреме државата се сели како никогаш досега и државата доживува егзодус.

-Народот од Македонија како никогаш досега се сели, нема деца во училиштата си заминуваат цели семејства, луѓето си заминуваат затоа што ги зголемувате даноците, никој не инвестира , не доаѓаат фабрики и она мал софтверски сектор и ИТ индустрија ги регистрираат фирмите на други места ги зголемивте даноците. Носиме измени на закон за заштита на деца за да одредени партиски војници на СДСМ стануваат директори а државата ни остане земја без народ. 2018 година беше најлоша демографска година, 70 години наназад, најлоша година во историјата, потенцираше Ѓорчев.