Влатко Ѓорчев и официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на државата.Тој нагласи дека има искуство, мотивација, знаење, чесност и лојалност да ја врши оваа важна функција рече Ѓорчев на прес-конференција во Собранието на Република Македонија.

Додаде дека сега бил мотивиран повеќе од кога било и истакна дека не се плаши од противкандидатот на СДСМ.

Директно им велам на сите кандидати од СДСМ на 21 април Ве чекам јас, но и најмалку 500 илјади граѓани на Република Македонија да ја вратиме надежда на Македонија, рече Ѓорчев, додавајќи дека е подготвен да се вложи со целото мое битие и знаење.