Политичарите направија сериозен чекор со Договорот за пријателство и добрососедство. Тој е солидна основа за еден многу значаен чекор во билатералните односи, но и поттик за евроатлантските и европските аспирации на нашиот сосед Северна Македонија. Се надевам дека тоа ќе се случи.
Нашата Комисија не е незначаен дел од тоа, кое треба да го завршат двете земји, истакна денеска копретседателот на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, од бугарска страна, Ангел Димитров.
БГНЕС јави, дека денеска во Бојна завршило петтото дводневно заседание на Комисијата.
На средбата, двете страни дискутирале за учебниците и дебатирале околу личноста и делото на Гоце Делчев.
Димитров предложил „да се најде решение за чествувањето на една толку сакана личност во двете земји, како Гоце Делчев”.
Двете страни одлучиле прашањето околи Делчев да биде разгледано на следното заседание, што ќе се одржи во јуни.
– Се надевам дека на следната средба ќе се дојде до решение подобро од тоа кое го направивме за Цар Самоил. Искрено се надевам дека на следната средба ќе завршиме со античкиот период, но ќе направиме солиден чекор напред во постигнувањето на заедничка позиција околу белешките со интерпретацијата на средновековниот период, истакна Димитров.
Драги Георгиев, копретседател од македонска страна, нагласи дека прашањето за Гоце Делчев е „чувствителна тема за една важна личност”.
– Ние денеска дискутиравме за Гоце Делчев и сметаме дека треба да се продолжи разговорот за него како за една личност, која заедно ќе ја за чествуваме, рече Георгиев.
Наведе дека македонската страна ќе подготви свој текст, што ќе го предложи на средбата во јуни.
– Сметаме дека работата на Комисијата е многу сериозна. Неопходно е време, неопходни се консултации со специјалисти, да претставиме една сериозна препорака до Владите, заклучи копретседателот на Комисијата од македонска страна
Comments are closed for this post.