Лидерот на „Алтернатива“ Африм Гаши по средбата со премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев побара да се најде заеднички кандидат кој би бил прифатлив за сите граѓани.
– Ние прво ја поздравивме оваа иницијатива. Мислам дека првпат во државава ни се случува да се избере претседател и да се направи обид тој кандидат да биде што поприфатлив од сите граѓани. Самиот обид што се креира за доаѓање до овој амбиент мислам дека е за поздравување и ние како „Алтернатива“, политички субјект и партнер во Владата, сакаме да придонесеме во овој процес и заеднички да дојдеме до тој кандидат- рече Гаши.
Comments are closed for this post.