Во извештајот „Слободата во светот 2021“, земјата доби 66 поени од можни сто, што е за три поени напредок во однос на минатата година, пишува Voice of America.
Во извештајот стои оти Македонија продолжува да се бори со корупцијата и дека и покрај пофалбите од ЕУ за стабилниот напредок во реформите, продолжува да се појавува сериозна корупција и скандали во јавните набавки.
Останува загриженоста и за ефикасноста и независноста на судството, кое е оценето со два поени, од можни четири. Се вели дека во судството не се спроведени сите реформи ветени од владата.
Медиумите и граѓанското општество се вклучени во интензивниот јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисоци и заплашувања.
Ова се дел од оценките во најновиот извештај на меѓународната организација, Фридом хаус „Слободата во светот 2021 година: Демократијата под опсада“, а во кој Македонија е оценета како делумно слободна земја.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.