отцепи од партијата и да формира своја нова партија? Откако излегоа во јавност недоразборањата лидерот на ДУИ еден по еден почна да ги менува од партиските функции членовите на групата незадоволни.

Дали тоа што застанува во одбрана на Артан Груби, може скапо да го чини Али Ахмети.

Изет Меџити, Муса Џафери и другите фракционери од ДУИ по бајрамските празници ќе формираат нова партија, дознава Алфа од високи извори кај фракцијата на интегративците. Според информациите веќе се избрани и раководните лица во новата партија, претседател и потпретседател.

Овој нов момент во вечната владејачка партија кај Албанците доаѓа само неколку дена откако дел од подмладокот на ДУИ, најавија дека ќе делуваат заедно со фракционерите, незадоволни од политиките на власта и иселувањето на младите, кои не гледале просперитет и иднина во државата.

Ја повикуваме Владата на игри на среќа да стави прст на глава дека ако под 10 илјади млади луѓе годишно ја напуштиле државата за да одат во странство, оваа бројка ќе биде многу поголема благодарение на вашите политики кои немаат ништо за младите. Ама имате политики како да основате повеќе компании за игри на среќа и тие да се диригираат од ваши блиски луѓе, од кои три члена на новата видео лотарија се токму роднини на министрите од ДУИ – изјави Раниа Сали.

Голем проблем за Ахмети може да биде што дел од фракцијата на ДУИ се најголем број од градоначалниците на оваа партија, а меѓу нив и оние во едни од најголемите општини Чаир и Сарај, Висар Ганиу и Блерим Беџети. Фракцијата и претходно обвинуваше дека она што го прават најблиските соработници на Ахмети, Артан Груби и Бујар Османи е контра се за што се залагала оваа партија.

За жал, три години по ред алармираме дека не се почитуваат Статутот и програмата на ДУИ, што најдобро го докажува неформирањето на партиски тела за овие години. Денеска стоиме пред вас како фракција и се обврзуваме дека ќе бидеме гласот на потребите и барањата, не само на нашиот електорат, туку на сите Албанци и овој глас нема никој да го замолчи. За нас гласот на народот е сè, затоа што ова е гласот на разумот и ќе го покажеме на дело правилното, принципиелното и сеопфатното функционирање – изјави Сандра Имери.

Извор: Алфа