Народот избра промени. ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатив, БЕСА и Левица формираа мнозинство за пад на владата на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да формира ново мнозинство кое треба да го отслика расположението на граѓаните и да ги реализира потребните реформи. Доколку таквата влада не може да ги гарантира тие работи, треба да се оди на предвремени парламентарни избори.

 

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската агенда на државата. Насочени сме кон борба со корупцијата и криминалот, раст и развој на економијата и ефикасен правен систем. Тоа се начелата за кои се бориме и кои ќе ги применуваме.

 

СДСМ ги плаши граѓаните со лепење на етикети на ВМРО-ДПМНЕ, но реалноста е дека СДСМ се плашат само да не ја загубат фотелјата. Борбата на СДСМ е за криминал и тендери.

 

Надежта е родена. Македонија бара промени – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.