Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ќе ја тужи професорката Тања Каракамишева за фалсификат и клевета, доколку таа не му се извини јавно, објавува „Фокус“.
Неговата реакција доаѓа откако професорката на својот Фејсбук профил објави фотографија од членска книшка од СДСМ на име Митко Јанчев, издадена во 2004 година, под која е напишано: „Кога партиите се хоби и строгонаменски бизнис“.
Во телефонски разговор за „Фокус“, Јанчев потврдил дека станувало збор за измама и фалсификат од страна на професорката.
Роден сум на први ноември 1981 година, а не на 10-ти јануари 1982 година, како што пишува во членската книшка. Се работи за фалсификат, и ова е уште еден обид за моја дискредитација. Доколку не ми се извини јавно, Каракамишева ќе добие тужба за фалсификат и клевета. Пред надлежните органи нека појаснува дали таа го направила фалсификатот, или пак од некаде го добила. Не сакам да навлегувам во тоа. Според серискиот број на книшката, лесно ќе се открие кој ја поседувал“ – изјавил Јанчев за „Фокус“.
Comments are closed for this post.