Филипче: Можно е од јуни да се одобри организирање свадби и прослави

19.05.2021 / 13:22


Министерот Филипче изјави дека е можно да се одобри барањето на угостителите за организирање свадби и прослави, но под строго утврдени протоколи и ако дозволува епидемиолошката ситуација
Ако продолжи трендот на намалување на заразата со ковид-19, можно е од јуни да се одобри барањето на угостителите за организирање свадби и прослави под строго утврдени протоколи, потврди министерот за здравство, Венко Филипче. Рестораните и понатаму би биле отворени само во надворшениот дел од локалот, а се размислува и за зголемување на капацитетот на гости на една маса. Предлозите ќе се дискутираат во рамки на Комисијата за заразни болести, посочи Филипче.

„Многу е веројатно да се случи ако продолжат овие трендови на намалување, но не можам да тврдам. Мислам дека маските треба да се носат и понатаму, се уште е рано да се тргнат како мерка. Понатаму, угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, не внатре. Да се дозволат свадби после долго време, со протоколи во однос на пополнетост на капацитет во надворешни услови и евентуално да се излезе во пресрет на барањето за зголемување на бројот на посетители по маса. Сите други протоколи во однос на организација на настани соодветно е да продлжат исто и понатаму“, изјави Филипче.

Министерот Филипче најави и дека идната недела се очекува да бидат готови сертификатите со електронски код со податоци за вакцините, со кој ќе може да се патува низ европските држави. Во комуникација се како што рече се уште со српските колеги, од каде што се чекаат податоци за граѓаните кои примиле вакцина таму, за да може ревакцината да ја добијат во Македонија, ако не станува збор за „Астра зенека“ која кај нас не се дава на лица под 60 години.

„Ние следната недела ќе го издадеме т.н „грин-пас“, тоа ќе биде оној електронски „кју ар“ код, во кој ќе има податоци за вакцината, ПЦР-тест и евентуално за антитела. Па кој било од трите параметри ако се бара во која било европска земја, да може патникот да ги има со себе“, додаде Филипче.

Во однос на испораките на вакцини, министерот најави дека се очекуваат 500 илјади дози „Синовак“ на почетокот на јуни, 100 илјади дози „Фајзер“ преку Ковакс, како и пратка од руската вакцина „Спутник“ до крајот на мај, за која се уште нема потврда. Филипче ги отфрли сомнежите во јавноста дека е можна политизација и прекин на соработката со руската амбасада за испорака на вакцини, по протерувањето на рускиот дипломат од земјава, иако немале директна комуникација со амбасадорот во текот на вчерашниот ден.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено

пред 7 часа
Македонија

Мицкоски од Минхен: На Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

пред 7 часа
Македонија

Николоски: Бугарија го ратификува договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.

пред 1 ден
Македонија

Mицкоски се сретна со претеникот на Трамп, Ричард Гренел (ФОТО)

пред 1 ден
Македонија

Сопственикот на плантажата со марихуана од Ново Село и Филипче се знаат само од телевизија

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Договорот со САД за реципрочна трговија го трасира патот за договор за тарифи не повисоки од 15 посто

пред 2 дена
Македонија

Муцунски: Важен и значаен исчекор во економската соработка со САД, кој има големо значење за македонската економија

пред 3 дена
Македонија

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенска безбедносна конференција

пред 3 дена
Барање на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон!

пред 3 дена
Македонија

Филипче: СДСМ на конгрес во јуни ќе презентира нова партиска програма

пред 3 дена