Министерот Спасовски е хоспитализиран од вчера, неговата состојба е стабилна, има покачена температура, меѓутоа нема некоја значајна компликација во моментов на здравствената состојба, кажаминистерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата по состанокот на Советот за безбедност.
Болнички капацитети има сосем доволно согласно нашиот план за обезбедување на болнички капацитети, кревети и реорганизација на кадарот, целиот Клинички центар е практично во ситуација на мобилизација. Утрово имав состонакот со директорите на сите интерни клиники, на списокот на лекари и медицински сестри се сите вработени лекари и медицински сестри од клиниките и по потреба ќе работат во дополнителни капацитети. Во рамките на другите болници секаде се ослободени интерните одделенија и целосно е ставен кадарот во истата ситуација на мобилизација како во Клиничкиот центар. Дополнителни одделенија веќе се спремни и во болницата „8 септември“. Значи дека и болнички легла има доволно и кадарот е спремен да работи со пациенти со Ковид. Граѓаните треба да бидат спокојни, никој нема да остане без здравствена заштита, без лекарска услуга. Апелирам да се почитуваат новите мерки. Мерките коишто се сега на сила се мерки коишто се имплементирани во цела Европа“, кажа Филипче.
Comments are closed for this post.