Рамо до рамо е акција која е последица на нервозата и присутниот страв од пораз кој знаат дека ќе им се случи. Ова е очаен обид да го привлечат вниманието во услови кога СДС не дава одговор и решение на ниту еден проблем во општеството,велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Апсурдна состојба е Ковачевски да вели дека ги разбира проблемите на народот, а троши 30 илјади евра на промоција на социјалните мрежи да се пофали со непостоечки резултати, додека народот денот го поминува со само 150 денари.
Апсурдно е да вели дека цените на јајцата и лебот се замрзнати, додека државата урива рекорди со двоцифрена инфлација каква нема во друга држава во Европа и се друго е поскапено.
Апсурдно е што платата на Ковачевски се зголеми преку Кацарска судството додека платите на народот не растат.
Апсурно е што Ковачевски прави настани за инвестиции кои ги нема, како напразно фрлената лопата за фабриката за автомобили во Тетово, каде зјае празна ливада или пак празниот простор од непостоечкиот камен темеленик за коридорот 8.
Народот поради сите овие лаги и неспособности жестоко ќе ги казни. Впрочем затоа и Ковачевски бега од избори, а на тие избори елечињата кои сега ги облакаат нема да го спасат. Ќе му се случи потоп.
Comments are closed for this post.