На лице место почина возачот на возилото марка Бе-ем-ве кое учествувало во сообраќајката попладнево на северната обиколница во Скопје. Покрај починатиот, повредени се и три лица, меѓу кои и двајца полицајци.
Несреќата се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола на брзината на движење на возилата, го запрел автомобилот „бмв“.
Додека запирал во него удрил камион „ман“, а од ударот автомобилот удрил во полициско возило „шкода јети“, наведуваат од МВР .
Comments are closed for this post.