Дали Судот има право повторно да побара од Собранието да му биде одземен пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски? Иван Џолев, претседателот на Основен вели дека законот не дава јасна дефиниција дали повторно може да се бара одземање на имунитет на пратениците.

Колку што ми е мене познато во пракса повторни барања не сме испраќале. Но ќе седнеме сите судии заедно, ќе го прочитаме и ќе видиме кои се следните чекори што ќе ги преземеме – рече Иван Џолев претседателт на Кривичниот Суд, одговарајќи на новинарско прашање по денешното отворање на Медиа центарот.

Во случајот со одземањето на имунитетот на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, Џолев рече дека слушнал разни гласини дека „еднаш одземен имунитет е одземен имунитет“ но, како што додаде, станува збор за различни постапки и во таа смисла нема одговор на прашањето.