Дебар денеска гласа за градоначалник бидејќи во првиот круг не беше постигнат потребниот цензус на излезенi гласачи.Но голем број жители на Дебар и околината денеска се оневозможени да го остварат своето гласачко право.
Причина за тоа е затворениот пат кој од Маврово води кон Дебар. Овој патен правец се прави подолго време и тој е затворен секој ден од 10 до 16 часот освен во неработни денови.
Но, иако денеска е недела и е неработен ден на патот се изведуваат градежни работи и движењето за возило е забрането.
Од фотографиите кои ги добивме се гледаат нервозни граѓани кои сакаат да поминат а полицијата ги спречува.
Kако што известува нашата екипа на терен, по инетервенција на ДИК почнаа да пропуштаат возила на жители на чија лична карта пишува дека се од Дебар за да можат да гласаат.
Останатите, мораат да минуваат стотина километри повеќе и да кружат преку Струга.
Прашуваме дали денеска мораше да се работи на оваа делница и дали ова е направено токму поради гласањето?
Comments are closed for this post.