Адвокатот Сашо Дукоски потврдува дека денеска пред давањето исказ во Јавно обвинителство имало закани кон Бојан Јовановски од неговиот телефон. Непознат машки глас околу 10 часот и 50 минути се јавил на мобилниот телефон на Дукоски и почнал да се заканува и да го навредува Јовановски.
Ми рече нека пази добро што зборува таму каде што е дојден. Соговорникот чии глас не ми е познат зборуваше чудно-вели Дукоски за „Пресинг ТВ“.
Адвокатот на Боки 13 вели дека тој денеска во Основното јавно обвинителство даваше исказ во врска со кривичните кривични пријави што ги поднесе според членот 359 од КЗ , и тоа за злоупотреба на службена положба и овластување, давање лажен, како и за противзаконито влијание.
Јовановски за следната недела најавува уште четири нови кривични пријави.
Comments are closed for this post.