Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски, реагира на текстот на новинарот Ацо Кабранов на порталот „Либертас“. Во текстот со наслов „Мутирано ало ало“, Кабранов го обвинува Дукоски оти лаже дека некој му се јавувал на неговиот мобилен телефон и оти упатувал закани за Боки 13.
Кабранов во текстот вели дека сево ова му налкува на истата ситуација во која тој се нашол пред една година кога некој му се јавувал на мобилниот телефон.
Дукоски во реакцијата вели дека Кабранов во текстот изнесува ноторни лаги и дека причината за тоа е голо додворување кон СДСМ.
Еве јас го нудам да се вештачи мојот мобилен телефон за да се утврди дали некој од непознат број ми се јавил во тој период како и обвинителот за настанот кој ја примаше кривичната пријава на Јовановски. Внимавајте, вие само повикан „бард“ на новинарството тоа известување е дадено под моја опомена дека тоа што го изјавувам мора да е вистина под закана од кривична одговорност. Што вие ќе понудите и што воопшто може да понудите дека сте сигурни во стилот „тетке-стринке“ кафе муабети,. Што? Жолт печат се претвара во кал-вели Дукоски.
Тој му објаснува на Кабранов оти никогаш не изјавил дека гласот бил мутиран туку дека бил чуден, што е битна разлика.
Правите паралела со вашиот случај i наоѓате заеднички именител во мутираниот глас и во едниот и во другиот случај па ако вас некој ве доведувал во заблуда или лажел тоа значи дека и јас лажам. Ако некој воопшто ве доведувал во заблуда,тоа е ваша работа а не моја-додава Дукоски.
Адвокатот реагира и на обвнувањето на Кабранов за некакви пари за неговиот ангажман за за тоа што го застапува Јовановски.
Браво новинарски „барду“. Колку што се сеќавам и вие работевте за истата телевизија каде шеф ви беше токму мојот сегашен клиент. Или ги заборавивте тие времиња. Зошто се до неговото апсење уредно работевте во телевизијата и први го напуштивте „бродот кој тоне“. Од љувов или можеби за пари?- го потсетува Дукоски Кабранов.
Comments are closed for this post.