На предлог на Владата на Република Македонија предводено од СДСМ усвоени се измените на Законот за нотаријат и на Законот за извршување. Обезбедивме значително финансиско олеснување за сите граѓани на Република Македонија, за оние кои се соочуваат со постапки пред нотари и извршители, а особено за најранливите сограѓани, изјави денес за медиумите Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка од СДСМ.
„Законите обврзуваат на донесување на нови тарифи со кои ќе се укинат 16 тарифни ставки.
Во постапките пред нотарите граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци се ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Нотарската награда ќе биде 10 отсто од главниот долг, но не повеќе од 500 денари. Со ова се остварува уште една клучна мерка од предизборната програма на СДСМ и од Програмата за работа на Владата – олеснување на животот на сите граѓани во Република Македонија, намалување на трошоците и повеќе пари кај граѓаните“, рече Калеска -Ванчева.
Таа додаде дека ѕрошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, зашто „само така ќе се изгради фер и праведно општество“.
Comments are closed for this post.