Деновите на жалост завршуваат и премиерот Заев денеска ќе мора да ја поднесе неколкупати најавувана и одложувана оставка како лидер на СДСМ.
Ова требаше да се случи уште по изборите на кои СДСМ убедливо загуби. Но, првиот пат неговите сопартијци го „замолија“ да остане а тој немаше срце да ги одбие, а пак вториот пат се случи страшната трагедија во Бугарија.
Заев веднаш замина за Софија и таму лупна нов „бисер“. Несреќата со автобусот позитивно ќе се одразела во односите меѓу двете земји.
Колку и да сакаше новинарката да го „навлече“ Заев не смее да си дозволи да говори дека несреќа може позитивно да влијае на односит меѓу Бугарија и Македонија
Но, не смее да не изненади ако Заев и навистина си мисли дека Бугарија поради трагедијата ќе „омекне“ и ќе го крене ветото за Македонија. Бугарските власти се јасни дека тоа нема да се случи.
Она што Заев може да го направи но сигурно нема да го стори е да побара одговорност, најпрво од себе а потоа и од надлежните во Царината, полицијата, Министерството за транспорт и врски.
Очигледно е дека „Ласкарци“, пожарот во Тетово“ и „Беса транс“ не беа доволни за Заев да научи замижувањето за атер на ДУИ однесе повеќе од сто жртви во трите трагедии за кои се разбира виновен беше кабелот или пак возачите на автобусите. Мртивите сепак не можат да го посочат виновникот.
Comments are closed for this post.