Од УХМР соопштуваат дека во текот на вечерта во одредени делови од Македонија ќе врне снег, а врнежите ќе се прошират на територијата на целата земја.
Ќе дува умерен северен ветер низ целата држава.
Синоптичарите најавуваат дека за време на викендот иако времето ќе биде посончево температурите ќе достигнат и до минус 14 степени.
Во текот на утрешниот ден времето исто така ќе биде облачно со врнежи од снег особено претпладне, а пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава, а до крајот на денот, како што информираат од УХМР насекаде ќе се формира нова снежна покривка.
Помалку снег се очекува во североисточните делови. Поради засилениот северен ветер утре можна е појава на снежни навеви, велат синоптичарите. Во наредните неколку денови времето ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби повремени врнежи од снег, велат од УХМР. А ќе има услови и за појава на голомразица.
Comments are closed for this post.