Откако Комисијата за заштита од дискриминација во неколку наврати ѝ пркосеше на Владата, како по случајот со бугарските клубови, така и по тужбата до Министерството за образование и наука за недостатокот на учебници, истата беше избркана од своите канцеларии со Одлука на Влада кон крајот на минатата година, без да ѝ се обезбедат нови простории за работа.
-За мене беше шокантно. Ден денес во комисијата не сме добиле известување, архивски заверено од Влада, дека на 207-та седница на 12 декември донела ваква одлука и веднаш ја објавила во законскиот рок во Службен весник, што значи дека оваа одлука стапува во сила. Она што е неприродно е што одлуката гласи “одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижни стари на Агенција за цивилно воздухопловство“. За да во првиот член прочитате дека просториите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација што ги добивме на трајно користење на 6 април 2021 по одлука на Влада се одземаат и се даваат на трајно користење без надоместок на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Она што е уште пофрапантно е што рокот за иселување на комисијата, без да се доделат нови простории и без да сме воопшто информирани, изнесува 8 дена. Требаше да се иселиме на 20-ти. Дознавме кога двајца претставници од АЦВ дојдоа и не прашаа до каде сте со селидбата, коментира членот на Комисијата за заштита од дискриминација, Весна Бендевска на емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.
Оваа одлука на Владата била донесена под точка разно по предлог на директорот на Службата за заеднички и општи работи и била потпишана од премиерот Димитар Ковачевски.
Таа информираше дека евентуално за користење им биле понудени канцеларии во зградата на МРТ каде што се наоѓаат и канцеларии на министерството за правда и МВР.
-Независноста значи одвоеност на просториите во кое е сместена Комисијата, бидејќи Комисијата е отворена за секој еден граѓанин кој се почувствувал дека е жртва на дискриминација, вели Бендевска.
„Досега во овие 1000 претставки до Комисијата многу често ги добиваме против институциите, бидејќи се разбира потенцијален дискриминатор може да биде само носител на некаква моќ. Затоа е битно, за да можат граѓаните да се чувствуваат слободни да дојдат без притисок да поднесуваат претставки, да побараат мислења, треба да сме одвоени“, потенцираше Бендевска.
Comments are closed for this post.