Законот за учебници се врати во Собрание.Откако владата го „доработи“ тој повторно е пуштен во Законодавниот дом каде најпрво ќе оди на матичната комисија а потоа и на седница.
Но, она што остана дилема дали власта и на овој закон ќе му залепи европско знаменце како што прави со сите закони што сака да ги истурка набрзина.
Засега на собраниската веб страница нема информации за овој закон и каков предзнак ќе има.
Доколку законот добие предзнак европски тоа значи дека тој закон ќе биде изгласан во рок од три дена, без разлика на тоа колку амандмани ќе бидат поднесени. А опозицијата се разбира дека ќе има стотици забелешки за законот според кој учебниците треба да станат дигитални наместо како досега во хартиена форма.
Оваа намера на власта ги крена родителите кои најавуваат и тужба за министерката Мила Царовска, а веќе имаат ангажирано и адвокат, ги подели партиите, а учениците пак од вчера добиваат пораки на социјалните мрежи да ја бојкотираат наставата.
Најновите информации од МОН говорат дека печатените учебници сепак нема да бидат исфрлени од наставата и дека дигиталните ќе бидат само дополнување.Ова во секој случај е добро но додека не се видат дополнувањата на законот на збор не може да се верува.
Она што Царовска должи објаснување е што со оние ученици, односно родители кои не можат на своите деца да им обезбедат таблети и лаптопи за модерно следење на наставата и дали тие ќе се чустуваат помалку вредни од своите другари.
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека училиштата не се во можност тоа да го обезбедат и товарот ќе падне повторно на родителите.
Училиштата ќе обезбеделе библиотечен фонд на таблети! Царовска,очигледно не ја знаеш состојбата во училиштата, училиштата не може да обезбедат хартија запечатење за наставниците! Училишта пливаат во долгови за стуја,греење оваа зима не имуклучуваа на наставниците за да држат онлајн настава од училиште-напоменуваат од опозициската партија.
Comments are closed for this post.