Девет танчерки и пејачки, од кои шест биле странски државјанки, по три од Албанија и од Косово, се пронајдени при контрола на угостителски објект во село Слупчане, општина Липково, соопшти денеска СВР Куманово. Танчерките и пејачките не биле пријавени и не поседувале дозволи за работа.

Контролата ја извршиле полициските службеници од СВР Куманово и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, синоќа во периодот од 23.55 до 1.30 часот.

Пронајдените девојки биле предадени на инспектор за странци и реадмисија за понатамошна постапка.

Државниот пазарен инспекторат констатирал дека угостителскиот објект врши дејност без да биде регистриран во соодветен регистар и на сопственикот му била изречена глоба и мерка забрана за вршење на дејност од еден месец.

Инспекторите од ЈП констатирале прекршок по Закон за регистрирање на готовински плаќања за што му била изречена глоба во висина од 500 евра и мерка затворање на објектот во траење од еден месец.