Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро.
На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45-годишен од селото Црешево.
Убиствата се случиле меѓу 19,30 и 22,30 часот кога биле најдени телата на убиените.
За овој грозоморен чин беше отворен судкиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот е вратен на повторно судење.
На 23 февруари годинава, судот повторно ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири. За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.
Со повторните пресуди Македонија доби потврда дека на чело на државата стојат монструми, кои ја злоупотребиле болката на родителите на убиените деца, но и болката на обвинетите.
И едните и другите очекуваа правда – а и едните и другите ги излажаа Зоран Заев и Стево Пендаровски.
Пресудата во случајот „Монструм“ беше свесно злоупотребен, дека тогаш лидерот на опозицијата, денеска премиер, Зоран Заев свесно ја злоупотребил болката на родителите на убиените момчиња кај Смилковско, дека намерно манипулирал со јавноста за да шири меѓуверска омраза и гнев – во случајов потпалувајќи ги Албанците, и дека смислено пласирал лажни вести за политички нарачатели.
Уште во текот на постапката и самите родители на убиените момчиња порачаа дека поради неговите лаги Зоран Заев е поголем монструм од убијците.
Во завршниот збор за случајот „Монструм“ за масакрот кај Смилковско Езеро, обвинителката Фатиме Фетаи потенцираше дека прислушуваните разговори, поради кои СЈО ја доби надлежноста врз случајот и тој беше вратен на почеток, не открија нова или поинаква вистина за петкратното убиство.
Таа потенцираше и дека и покрај тоа што премиерот Зоран Заев, кој од позиција на лидер на тогашната најголема опозициска партија, јавно зборуваше дека прислушуваните разговори ќе ја откријат вистината за „Монструм“, се отфрлија сомнежите дека постои друга вистина, на која, на еден начин, беше навлечена јавноста.
Ниту прислушуваните материјали, ниту неговото сведочење, не ја сменија вистината во „Монструм“, истакна Фетаи, отфрлајќи ја внмешаноста на Трајо Вељановски во случајот.
Comments are closed for this post.