Од 1 јануари 2019 година бројот на деца коишто ќе користат детски додаток, од сегашните 3.200 ќе се зголеми на 73.500 бидејќи оваа поволност ќе ја користат и семејства во кои еден родител е вработен и зема минимална плата.
Критериумот зошто имаме толкаво зголемување е тоа што сега семејство во кое еден родител е вработен и коешто има минимална плата ќе може да ја добие оваа поволност. Досега тие не беа вклучени, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Отсега и децата коишто потекнуваат од семејства од социјален ризик и семејства со ниски примања ќе земаат образован додаток така што бројката од 3.800 деца кои досега го користеа овој додаток, ќе се зголеми на 64.316.
Comments are closed for this post.