Од Детската болница во Козле, преку соопштение ги демантираа информациите дека имало пожар во објектот.
Според директорот на болницата, Ангелчо Андоновски, станува збор само за краткотрајно топење на каблите во еден од тоалетите, поради што превентивно била повикана противпожарна служба, согласно протоколот за реагирање во вакви ситуации.
Не се настанати никакви оштетувања, освен незначителна материјална штета. Директорот апелира да не се шири непотребна паника и напоменува дека децата кои се сместени во тој дел од зградата се безбедни и нема повредени лица, се наведува во соопштението.
Comments are closed for this post.