Не е исклучена можноста „бомбите“ да бидат уништени откако ќе заврши работата на СЈО по обвиненијата кои се веќе покренати. Според министерката за правда, Рената Дескоска, можен е компромис со ВМРО-ДПМНЕ за „бомбите“. Таа во интервју за емисијата „Фактор“ на ТВ24 посочува дека е искористено се што произлегува од нив.
На прашањето „дали бомбите се закопани“ таа одговори:
-Кога го спремавме текстот за новиот Закон за СЈО кој е пуштен во Собрание, информациите бе дека се што можело да биде извлечено од материјалите е извлечено и тие материјали се веќе обработени од СЈО. Врз основа на прислушуваните разговори, кои се индиции за собирање докази, во сегашниот текст направивме граница на користење на материјалите, каде што нема да се користат. Ако се собрани докази врз основа на прислушуваните разговори за многу случаи, ирелевантно е дали ќе ги користите или не. Така да тоа е ставено на маса, ќе видиме каков предлог ќе стаса од ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека тука не е страшно да се направи компромис, имајќи предвид дека информациите кои дојдоа до нас во текот на работната група се дека тоа нема да влијае значително, буквално на случаите.
Comments are closed for this post.