Министерката за правда Рената Дескоска ќе се сретне со семејствата на жртвите во случајот „Монструм“ и детално ќе ги информира околу преземените дејствија за екстрадиција на лицата од Косово, информираат од Министерството за правда.
Министерството за правда чувствува должност подетално да ја информира јавноста околу постапката за екстрадиција на двете осомничени лица во случајот „Монструм“, Демири и Исмаиловиќ, наведуваат во соопштението.
Оттаму истакнуваат дека во постапката за екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ, Министерството за правда ги прави сите напори двајцата бегалци од правдата да ги донесе во Македонија, притоа користејќи ги сите законски можности, но и билателарниот договор со Косово.
Comments are closed for this post.