Министерката за правда Рената Дескоска денеска од својот Фејсбук профил му порача на ВМРО-ДПМНЕ наместо да измислува афери, да се посветат на изготвување амандмани на законот за Јавно обвинителство.
– Штом дојде на дневен ред Законот за јавно обвинителство очигледен е очајот и стравот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што нивните фејкери на чело со Антонио Милошоски се пуштени на најјако. Во интерес на вистината информирам дека во септември минатата година е донесен нов Закон за правосуден испит, кој предвидува спроведување на усен испит по кривично право (кривично материјално и процесно право), граѓанско право (граѓанско материјално и процесно право), трговско право, трудово право, уставно уредување на Република Северна Македонија и Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, организација на правосуден систем и управно право и судир на закони и меѓународна правна помош. Предметите кои се предвидува да се полагаат се во согласност со програмите на земјите во регионов каде се спроведува правосуден испит од ист или сличен тип, напиша Дескоска на Фејсбук
Comments are closed for this post.