Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари. Православните Христијани денеска го одбележуваат празникот Собор на Св. Јован Крстител. Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените.
Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.
Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.
Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар.
Исто така, во православната црква се празнува и денот на отcекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември). Меѓу евангелските личности околу Исус Христос тој има посебно место.
Comments are closed for this post.