Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Титаник“ и „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Тврдина 2“ првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК.
Минатата расправа беше одложена поради недоставената пресуда на Врховниот суд на Грција од страна на Министерството за правда на Северна Македонија. На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување.
Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година. Предметот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се презентираат материјални докази предложени од СЈО. Досега се презентирани околу 3.000 од 5.900 материјални докази.
Comments are closed for this post.