И јас сум Ламбе“ денеска одекнува по социјалните мрежи каде јавноста изразува силна поддршка за македонскиот пејач, кој е приведен како осомничен за пожарот на надворечната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Дел од нив не го оправдуваат делото, но скоро сите го разбираат поривот на Ламбе Алабакоски да го изрази својот револт за состојбата во која се наоѓа македонскиот народ.
Делото на Ламбе е крик, негов, а и на многумина за ова што ни се случува последниве години. Негирање од странство и дома, ништење на сѐ што е македонско, бришење и менување на историјата, терање на јавниот дискурс кон тоа да кажеш дека си Македонец е срамота, поголеми порази што ги имаме во мир отколку во војни и ропство. Дали една искра е доволна за оган останува да видиме. А времето полека нѐ гази, немаме многу за гледање и молчење, пишува активистот Божидар Божиновски.
Некогаш боли кога криминалци што крадат наши пари дозволуваат да се слават фашисти од кои гинеле нашите предци и едноставно ти доаѓа да крикнеш. Да запалиш сè, се вели во коментар на социјалните мрежи.
Поддршка стигна и во форма на правна помош, кога двајцата познати скопски адвокати, Јанаки Митровски и Драги Стари Пешевски се пријавија да го бранат про боно, а од партијата Левица, пак, се понудија дека тие ќе ги подмират судските трошоци. Оттаму повикаа и на ослободување на пејачот.
Во услови кога институциите на системот затајуваат да ги заштитат националните и државните интереси, целосно оправдан е потегот на веќе приведениот Ламбе Аламбаковски. Секоја друга пресуда, освен ослободителна, ќе претставува анти-државнички чин и напад врз македонската државотворност, конституирана во АСНОМ!, велат од Левица и повикуваат на протест.
На протест повика и Игор Дурловски, кој порача дека Ламбе треба да се брани на улица.
Гневот на јавноста најмногу е насочен кон „ефикасноста“ во решавањето на случајот.
Дурмо турс нема разрешница уште оти е финансиер на ДУИ, пожарот во Тетово нема разрешница оти Анѓушев ги градел бараките – ама кога народот ја зема правдата во свои раце, тогаш во два дена се апсат лица!, вели Јована Мојсоска, Генералниот секретар на Левица.
И Ивор Мицковски потенцира дека ниедна трагедија не е разрешена, па разбирлив е гневот од институционалната и политичка хипокризија и неказнивост.
Comments are closed for this post.