По ден пауза денеска повторно ќе заседава Комисијата за уставни измени која е првиот чекор кон најавената промена на Уставот согасно договорот од Преспа. Завчера имаше бурна расправа на која дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако ги образложија своите ставови дека нема да ги поддржат уставните измени ја напуштија седницата.
Премиерот Заев пак во воведното обраќање нагласи дека договорот г штити македонскиот идентитет и јазик и дека пратениците треба да покажат одговорност за европската иднина на земјата и да дадат поддршка за промена на Уставот без што нема влез во ЕУ и НАТО.
Иако според Деловникот, за расправа во оваа Комисија има на располагање десет дена, доколку таа се исцрпи, можно е уставните измени уште в понеделник да се најдат на пленарна седница.
Comments are closed for this post.