Денеска и утре затворени повеќе булевари низ центарот на Скопје

07.06.2019 / 9:50


Градежните работи на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на градот се пред крај и денес и утре ќе се изврши асфалтирање, заради што е воведен привремен сообраќаен режим кој предвидува скоро целосно затворање на улицата.

Од денес од 7 часот до утре (сабота) до истото време на потегот меѓу булеварите „ВМРО“ и „Свети Климент Охридски“ ќе биде слободна само десната крајна лента која води од студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ кон центарот на Скопје. Возилата што се движат во спротивната насока, од центарот кон студентскиот дом кај Палома Бјанка ќе мора да вртат десно кон булеварот „Партизански одреди“, а возилата што доаѓаат од таму, ќе можат да одат право и лево – вртењето во десно за нив ќе биде забрането.

Од утре изутрина до недела до 7 часот пак, ќе биде слободна само една лента од центар кон студентскиот дом. Возилата што ќе се движат кон Центар ќе мора да вртат лево или десно по булеварот „Свети Климент Охридски“. Исто така, забрането ќе биде и вртењето десно од булеварот „Свети Климент Охридски“ кон улицата „Димитрија Чуповски“, односно возилата што доаѓаат од таму ќе продолжуваат да се движат право по булеварот кон соборниот храм.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Касно Венко во Брисел стигнува

пред 6 часа
Македонија

Мицкоски: Уставни измени нема да има, додека сум јас претседател на Владата

пред 1 ден
Македонија

Во „1000 зошто 1000 затоа“ не пишува дека Филипче треба да ги контролира медиумите

пред 1 ден
Македонија

Што пие и јаде ДИК: Маричиќ е нов претседател

пред 2 дена
Македонија

Филипче е подготвен за избори!

пред 2 дена
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: Филипче сака нежни…наслови во медиумите, тврдите го болат

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски за Ахмети: Ќе има средба..некогаш

пред 2 дена
Македонија

Венко е како Калимерo, се жали дека нема правда

пред 3 дена
Македонија

Колку милиони народни пари требаше да завршат во џебовите на Заев и Филипче со планот за преземање на болницата Жан Митрев?

пред 3 дена
Македонија

Ленче Ристовска има мерак да биде јавна обвинителка

пред 4 дена