Една од најголемите слави во Македонија е Св. Никола.Малкумина освен од иконите знаат како тој навистина изгледал.Неговите мошти се чуваат во базиликата Сент Николас во италијанскиот град Бари.

Но, по неколку векови, неговиот гроб бил оштетен па во 1953 година италијанските власти решиле да го отворат. Гробот бил саниран но она што ги шокирало експертите е неговиот череп врз кој е извршена рестаурација.

Па така било утврдено дека бил висок околу 168 сантиметри.со високо чело и силна конституција, широко лице и изразена вилица, речиси идентитично како што го знаеме од иконите во црквите.

Врз основа на овие податоци, Каролин Викинсон, експерт за фацијална антропологија направил модел како навистина изгледал Св.Никола.