Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, утрово со свечена литургија во Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола го одбележува јубилејот 40 години архиерејска служба на митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.

Митрополитот г. Петар на тронот на Преспанско-битолската епархија доаѓа во 1981 година, по претходен предлог на Архиепископот Доситеј, сошто станува втор Митрополит на Преспанско-битолската епархија.

Според записите од архивата на преспанско-пелагониската епархија, митрополитот г. Петар на прв ден Духовден во 1981 година, во Соборниот храм  „Св. Димитриј” во Скопје, е хиротонисан од сите членови на САС, а наредниот ден, востоличен е од Митрополитот Гаврил во Соборниот храм на Преспанско-битолската епархија „Св. Вмч. Димитриј” во Битола, втората по достоинство епархија во МПЦ. Во 1995 година митрополитот г. Петар го превзема управувањето со Австралиската Епархија.