Дел од корисниците од улиците „Козара“, „Бел камен“ и „Шарски одреди“ во општина Центар денеска од 9.00 часот ќе бидат без вода за пиење, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Причина за прекинот во водоснабдувањето ќе биде изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улица „Козара бб“ во Капиштец.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со работата.
Comments are closed for this post.