Отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ се уште е главна тема во Македонија и во Бугарија. Власта во Скопје најпрво се обиде да го прикрие овој настан, но кога јавноста се крена тоа веќе беше невозможно па мораа да излезат каква-таква реакција.

Па така, министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека спорно било името на Ванчо Михајлов а инаку би се појавиле во отворањето на клубот.

Премиерот Ковачевски пак се однесува како да „није одавде“. Во првата реакција призна дека Михајлов бил контроверзна историска личност но во Македонија  било „овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања“.

За вчера пак Ковачевски да тврди дека со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудиле духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме.

Антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет и македонските граѓани се определени за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства ја загрозуваат таа определба-изјави вчера Ковачевски.

Прашањето е кој е вистинскиот Ковачевски?Дали кога се повикува на антифашистичката борба или кога вика во Македонија е овозможено сите да ги практикуваат своите права.

Ковачевски е должен да објасни и дали знаел дека Минитерството за правда уште во 2019 година дал негативно мислење за отворање на клуб со име „Иван Михајлов“?

Ако знаел тогаш морал да му предочи на Централниот регистар дека не смее да се регистира ваков клуб. Ако пак не знаелнешто не е во ред со комуникацијата меѓу него и администрацијата на Заев бидејќи клубот добил негативно мислење за време на власта на претходниот премиер.