Министерот за надворешни работи Никола Димитров, е избран за маж со најдобар стил за 2018 година во Република Македонија. Изборот е извршен во организација на Friday.mk и Моментум.

Убаво признание, што сигурно на секој маж би му годело.

Министерот Димитров во јуни годинава на својот твитер профил на сите претставници на земјите-членки на ЕУ, кои ќе гласаат за почеток на преговорите со Република Македонија, им вети дека ќе им испрати на домашна адреса по една гајба од најубавите и најслатки „патлиџани“ на светот.


Штета. Желбата, за жал, не бу беше исполнета, па „патлиџаните“ му останаа. Ама вети дека ќе ги чува за наредната можност. Остана само нејасно каде ги чува.

Гостувајќи на една српска телевизија, запрашан дали ќе се послужи со „моделот“ на неговиот колега Ивица Дачиќ, кој со песни ги „шармира“ своите соговорници, во преговорите со Грција, рече дека пеењето му е послаба страна. Но, затоа само кратко време потоа самиот се прогласи за крал на скарата.

Новото признание за Димитров, додека пред Владата се одвиваа протести и против промената на Уставот и името на државата, отвори дилема дали ова ќе значи дека одново „патлиџаните“ ќе станат актуелни и ќе си земе за слобода, во знак на признание на организаторите да им испрати по една гајба, од тие што ги чува, нели, „патлиџани“. Иако организаторите не се од Европа, сепак, заслужуваат таков „подарок“. А, Димитров само потврда дека е маж со најдобар стил.