Власта упорно молчи по најавата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека е подготвен за уставни измени по хрватскиот модел.

Наместо Ковачевски, говори неговиот нов коалициски партнер Арбен Таравари, кој бара уставни измени по швајцарски, а не по хрватски модел. Против хрватскиот модел се изјасни и Алтернатива иако за оваа партија не знаеме дали е власт или опозиција.

Можеби хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој е денеска во посета на Македонија ќе ја убеди власта дека тоа е добар пример и оти ќе бидат заштитени сите права на малцинствата.

 

За ВМРО-ДПМНЕ молкот на власта на Ковачевски покажува дека тие не се спремни една таква европска преамбула да ја прифатат, туку сакаат повторно да прават егзибиции.

Граѓаните гледаат дека не си имаат работа со европски политичари во власта, туку само со  кариеристи кои заради личен интерес се подготвени да направат се само да се задржат некој ден повеќе во фотелја. Овие луѓе, на чело со Ковачевски немаат ниту европски вредности, ниту имаат национално и државничко чувство. Тие се купи ден политичари, кои тргуваат со националните интереси.Последната реторика која ја имаа со предлагање на хрватскиот модел на преамбула, од која потоа самите ретерираа, само ја покажува нивната кусогледост и хипокризија.