Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство станува нов Ковид кластер!?, дознава „Лидер“.
Вработени од таму за нашата редакција сведочат дека, од ден на ден се зголемува бројот на заболени од Ковид 19, како резултат на зголемената концентација на луѓе во канцелариите, но и немањето на основни услови за хигиена.
Имено, повеќе од три недели по ред, вработените од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одат на работа и покрај препораките од страна на Комисијата за заразни болести вработените во државната и јавна администрација да работат во смени, дома или во ротации.
И покрај зголемувањето на ковид заболени и опасност од институцијата да стане ново жариште на корона, министерот Хоџа се уште ги држи вработените на работа и не дозволува тие да работат во смени, од дома или на ротации.
Вработените исто така посочуваат дека во Министерството нема ниту основни средства за хигиена и дезинфекција, а во тоалетите нема ниту тоалетна хартија. Во вакви услови и со ваквиот начин на работа тие се плашат за својата здравствена состојба и за здравјето на своите најблиски.
Во ваква ситуација се поставува прашањето кој ќе биде одговорен за тоа што вработените имаат Ковид 19, како резултат на лошата организација и непочитување на препораките од Комисијата за заразни болести.
Дали ќе има одговорност за министерот Хоџа за непочитување на препораките од страна на Комисијата за заразни болести, е прашање кое треба да го дадат соодветните институции, но и самиот министер Хоџа која работи спротивно на одлуките и свесно го загрозува здравјето на преку з00 вработени административци.
Comments are closed for this post.