На повидок е нов скандал кој Владата експресно сакаше да го заташка, каде што медиумите отворија сомнеж дали вицепремиерот Кочо Анѓушев учествувал во криминал со кој што ја оштетил државата над 1 милион евра или поточно околу 74 милиони денари, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Како што истакна партискиот портпарол, Домче Арсовски, Медиумите изминатиот период пишуваа за сомнеж дека се извршила финансиска малверзација во која можно влијание и информации како вицепремиер имал и искористил Кочо Анѓушев. Фирмата „ЕДС“ која беше во негово сопствеништво, со цесија, односно со државни пари од УЈП си го наплатила долгот од „Фени“ во висина од над 1 милион евра, со документ кој е издаден пред датумот на добивање на одобрението. Целото дејствие се случува во текот на летото, во јули месец. Најсимптоматично е што медиумите објавија дека овој договор за цесија се случува пред стечајот на фирмата „Фени индустри“, што алудира на тоа дека Кочо Анѓушев и неговата компанија „ЕДС“ знаеле дека ќе се случи цесијата.

Поради таквите дејствија, Арсовски потенцира дека треба да ги расчистат сомнежите, дали фирмата „ЕДС“, тогаш во сопственост на Кочо Анѓушев преку УЈП со државни пари си го наплатила долгот од над 1 милион евра пред „Фени индустри“ да отиде во стечај и како фирмата на Анѓушев можела 16 дена пред издаденото одобрение, истото да го добие со архивски број?

Арсовски праша и иали на овој начин е зголемена вредноста на „ЕДС“ пред да се продаде на грчкото електростопанство и дали и колку плус грчки пари зел Кочо Анѓушев поради таа цесија?