Премиерот во заминување Зоран Заев не го крие незадоволството од потегот на коалицискиот партнер ДУИ кој поднесе над 5.000 амандмани на измените на Изборниот законик.
ВМРО ДПМНЕ има поднесено 9.000 амандмани, ДУИ поднел 5.000 амандмани, колку што ми кажаа. И ако тоа го знае ДУИ дека поднел ВМРО-ДПМНЕ 9.000 амандмани, а тие поднесуваат 5.000 амандмани, а се партнер во Владата. Кажете ми вие јас што да мислам, што да мисли народот, коалицијата, колку е таа одржлива или не, навистина ова е за сериозна причина за сериозни размислувања кои што СДСМ ќе ги отвори, изјави премиерот во заминување Заев.
Прашан дали тоа значи дека ќе има нова коалиција премиерот уште еднаш рече дека сериозно ќе размисли.
Пет илјади амандмани е навистина лоша порака. Кој и да е премногу. Сето ова што се случува нам ни е јасно дека е изборна кампања, но нам ни е должност сите политички пораки што се испратени до нас да ги разгледаме, изјави премиерот во заминување.
Comments are closed for this post.