Членовите на Судскиот совет на денешната седница едногласно ја избраа Цветанка Периќ за нов судија во Врховниот суд. Таа била прва на ранг листата од четворица пријавени кандидати.
Суспендираниот управен судија Мустафа Шахини, поднел барање до Судскиот совет да му биде продолжен мандатот по неговото пензионирање.
Советот со 13 гласови ,,за”, едногласно одлучи да му го продолжи мандатот на судијата за една година по неговото пензионирање заклучно со 23 август 2021 година.
Шахини е осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација на имот на брегот на Охридското езеро во Струга, со кои државата ја оштетил за над 200 илјади евра. Тој беше суспендиран од мај 2019 година, бидејќи обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска отвори истрага за него за злоупотреби на функцијата, а дури бараше и притвор.
На денешната седница на Судскиот совет може на дневниот ред да се најде и разрешувањето на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.
Comments are closed for this post.