Потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, на покана на неговиот колега вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Во текот на посетата потпретседателот Абазовиќ ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот заменик претседател на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, како и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Како што соопштија од кабинетот на Битиќи, двајцата вицепремиери ќе одржат состанок на кој ќе се разговара за економската соработка помеѓу двете земји, но и регионалната економска соработка и зголемување на регионалната конкурентност.
Битиќи и Абазовиќ, по средбата во Скопје ќе одржат заедничка прес-конференција, која акредитираните новинари ќе можат да ја проследат со онлајн видео вклучување.
Comments are closed for this post.