Чичко Пепи кој повеќе од десетина дена неговото семејство, роднини и пријатели го бараа на територијата на Скопје, пронајден е мртов во околината на Злокуќани. Како што информира неговата внука Леонора Грчева, идентификуван е врз основа на облеката и трагите од операцијата на срцето.
Не се сомневаме дека е тоа Пепи, но, додека не се направат ДНК анализите не може да го погребаме, ќе известиме за погребот дополнително. Фала ви премногу од име на целото семејство на сите добри луѓе за огромната помош во потрагата по вујко ми, за сета љубов, енергија и поддршка“, напиша неговата внука на својот Фејсбук профил.
Таа додава дека сите треба да научиме од оваа ситуација и дека огромен е бројот на луѓе во Македонија кои живеат со некаква форма на деменција.
Шест од десет луѓе со деменција ‘отшетуваат’ како вујче Пепи и се губат, не сфаќаат дека се изгубени и не знаат да побараат помош. Ако видите човек на улица кој делува збунето, изгубено, пријдете му, направете муабет и задржете го, доколку имате и најмала сомнеж дека се работи за изгубен човек, не го губете од вид и јавете се на 192 полиција, можеби ќе спасите нечиј живот. Ако се грижите за близок со деменција, набавете ГПС часовник или слична ГПС направа – за жал вакви работи се случуваат, дури и кога ги гледаме 24-7“, вели таа.
Од МВР потврдуваат дека е пронајдено тело во водите на реката Лепенец, во близина на селото Бардовци.
Comments are closed for this post.