Уште ништо не сум слушнал, ниту видел, вели за Пресинг Тв бизнисменот Ванчо Чифлиганец, чие име се споменува во новата снимка, што денеска беше објавена во врска со случајот „Рекет“.
Според снимката, Орце Камчев вели дека пред да влезе во „игра“ околу „рекетот“, што од него го бара Боки 13, специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова побарала преку Чифлиганец дуќан за стоматолошка ординација.
Јас не сум ни судија, ни обвинител, ни специјален обвинител. Бев надвор од Македонија и сега се прибирам. Да видам и слушнам прво што се зборува, па ќе излезам со став, ни изјави Чифлиганец.
Транскрипт од дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Боки 13
Орце Камчев: Ме интересира што добивам, како добивам и кога добивам. Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации. Јас одјебав све тоа.
Боки 13: Кога било тоа?
Орце Камчев: Пред влезам.
Боки 13: Не знам за претходно.
Орце Камчев: Значи, јас и ти си разговараме, во целата прикаска мора и таа да знае…
Comments are closed for this post.