Четири фотографирани гласачки ливчиња, сторителите се приведени, граѓанин во алкохолизирана состојба искршил гласачка кутија во Новаци,а во Кучичино едно лице делело пропаганден материјал во близина на гласачко место. Ова се регистрираните инциденти на првиот круг од претседателските избори.
Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изборниот ден минал мирно и без сериозни нарушувања. Тој рече дека на овие избори за разлика од претходните претседателски имало пет пати помалку пријавени инциденти и дека на овој изборен процес нема пријавено кривично дело, што, според Спасовски, не било случај на ниту едни претходни избори.
Институциите покажаа дека може да се организираат мирни и демократски избори. Им честитам на граѓаните за мирниот деморатски ден. Република Северна Македонија покажа дека може да се организира европски избори, рече Спасовски.
и
Comments are closed for this post.