Никола Димитров на амандманската расправа го навреди сопствениот народ нарекувајќи го искомплексиран и за тоа треба да понесе одговорност.  Никола Димитров веднаш треба да поднесе неотповиклива оставка, порача пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Павлинче Честојнова.

Таа истакна дека македонскиот народ не е искомплексиран, туку министерот Димитров.

Искомплексиран е Никола Димитров и неговиот ментор Зоран Заев кои мислат дека се поголеми демократи доколку се откажат и негираат се што е македонско. Никола Димитров зема пари од граѓаните за да ги брани интересите на државата, а не за да го навредува сопствениот народ. Граѓаните кои дури го плаќаат и школувањето на неговата ќерка надвор од Македонија не заслужуваат и не смеат да бидат навредувани од вакви карактери, рече пратеничката.

Таа потенцираше дека покрај оставката Димитров треба веднаш да се извини за навредите и како што кажа газењето на достоинството на македонскиот народ.